Вкупна потрошувачка по видови енергенти во мај

44

dalekovod-pixabay-580x358

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2017 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 549.074 МWh електрична енергија, 4.120 мил. нм3 природен гас, 442.930 тони јаглен и 85.513 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66,7% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 92,7% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.