Вкупна потрошувачка по видови енергенти за јуни 2015

27

Во јуни 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 545 903 МWh електрична енергија, 2.446 мил. nm3 природен гас, 424.964 тони јаглен и 84.997 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 69,5% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,2% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.