Вкупната потрошувачка по видови на енергија, во декември минатата година во Македонија е 828.724 МWh електрична енергија, 25,448 милиони nm3 природен гас, 513.351 тони јаглен и 79.524 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 62,9% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,5% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.