Вкупните девизни резерви на крајот на јули на ниво од 2,1 милијарди евра

21

evra 123

Вкупните девизни резерви на крајот на јули оваа година се позиционираа на ниво од 2.198.300.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Истиот период лани, вкупните девизни резерви беа со вредност од 2.377.200.000 евра, додека во јуни оваа година изнесуваа 2.254.800.000 евра.

Вкупното монетарно злато на крајот на јули оваа година достигна вредност од 215.600.000 евра, што во споредба со претходниот месец е намалување од 15,2 милиони евра.

Зголемување од 27,2 милиони евра во јули е забележано кај валутите и депозитите, коишто изнесуваат 241.100.000 евра.

Хартиите од вредност на крајот на минатиот месец се задржаа на 1.736.800.000 евра, додека на крајот на јуни изнесуваа 1.805.400.000 евра.