Вкупните девизни резерви на ниво од 2,2 милијарди евра во март

33

evra zasteda

Вкупните девизни резерви на крајот на март оваа година достигнаа 2.266.300.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Еден месец претходно, вкупните девизни резерви имаа вредност од 2.253.400.000 евра, додека на крајот на март 2015 година имаа салдо од 2.354.800.000 евра.

Вкупното монетарно злато на крајот на март оваа година беше 238.400.000 евра или намалување од 7.000.000 евра во однос на претходниот месец кога монетарното злато имаше вредност од 245.400.000 евра. На крајот на март минатата година, земјата располагаше со монетарно злато од 237.600.000 евра.

Зголемување од 1,4 милиони евра има кај валутите и депозитите, коишто на крајот на март оваа година беа на ниво од 291.800.000 евра, а еден месец претходно – 290.400.000 евра. Салдото на валути и депозити на крајот на март претходната година беше на ниво од 271.300.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви зафаќаат хартиите од вредност, коишто на крајот на март беа 1.731.400.000 евра или за 18,5 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец (1.712.900.000 евра).

Девизните средства се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за директно финансирање на нерамнотежата во платниот биланс и индиректно регулирање на таквата нерамнотежа преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс.

Девизните резерви, како средства со кои располагаат и се контролирани од страна на монетарните власти, се состојат од: монетарно злато, специјални права на влечење, резервна позиција кај ММФ и девизи.