Вкупно 178.125 земјоделски стопанства лани во Македонија

32

krava

Фото: Pixabay

Вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија изнесува 178.125, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1,8 хектари земјоделско земјиште и има 2,1 добиточни единици.

Вкупното користено земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства изнесува 320.738 хектари, а од вкупниот број на стопанства, 60,8% користат до еден хектар земјоделско земјиште. Земјоделските стопанства имаат вкупно 381.361 добиточна единица.

Од техниките на ѓубрење, 37,9% од земјоделските стопанства користат нанесување на ѓубривото без заорување во почвата, додека од методите на наводнување, најчесто користен е методот на површинско наводнување.