Вкусот на текстилот – продажна изложба на македонски пионерски брендови

52

16174783_1914249485460516_4591843601274072717_n

Вкусот на текстилот е продажна изложба што ќе се случува на 7 февруари, со почеток во 20 часот, во Јавна соба. Пред пошироката јавност, млади ентузијасти, предводени од искусни дизајнери и менаџери, ќе претстават 10 нови македонски бренда. Станува збор за иновативни производи каде носечки материјал е текстилот, а кои имаат две или повеќе функции.

Изложбата е резултат на петдневна работилница за време на Неделата на дизајн Скопје 2016 и шеесет дена продукција и промоција на истото. Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на кралството на Холандија, Дизајн центарот Јавна соба и Институтот за дизајн и инжинеринг на облека при Технолошко-металуршки Факултет – Скопје.

Изложуваат студентите од Институтот за дизајн и инжeнеринг на облека на Технолошко-металуршки факултет во Скопје: Деспина Ангелеска, Тамара Ивковиќ, Марјан Бебекоски, Ангела Доневска, Софија Грозданова, Христина Христова, Медаин Аслан, Ева Кравченко, Даниела Ѓуровска, Валмира Бучи, Мимоза Исмајли. Нивни ментори се Тамара Георгиевска, Ива Jанковиќ, Александар Велиновски. Графички дизајн: Бетто Идризи.