Владата апелира земјоделците да ги осигураат посевите

25

10203994-irrigation-on-agricultural-landВладата на Република Македонија испрати апел до земјоделците да ја искористат државната помош и да ги осигураат посевите.

Како што соопшти портпаролот Александар Ѓорѓиев на вчерашната прес-конференција, сумата за оваа намена е двојно зголемена, од 17 милиони денари лани, на 35 милиони годинава.

Преку поддршката од Владата ќе биде овозможенo покривање на 60% од вкупните средства за осигурителните полиси. Земјоделците веќе од идниот месец ќе може да поднесуваат барања до Платежната агенција за добивање на дефинираната помош. Рокот за поднесување ќе трае најмалку до крајот на август.

Податоците велат дека во 2008 година само 300 земјоделци ги осигурале посевите, а во 2012 тоа го направиле 1.200. Според анализите најголем број осигурени земјоделски површини има во Повардарието.