Влезница за Exit може да се плати со биткоин

27

Фестивалот Exit ќе овозможи купување влезници со биткоин, со што ќе биде првиот поголем фестивал во светот што ќе даде таква можност.

“Оваа иновација во работата ќе ја направи уште попосебна прославата на 20-годишнината од фестивалот што од осми до 11-ти јули ќе се одржи на Петроварадинската тврдина“, пренесуваат српските медиуми.

Според организаторите, со растот на дигиталните валути, Exit ја препознал можноста дека треба да се прилагоди и да ја прифати новата технологија за да ги задоволи потребите на својата публика.

“Потенцијалот на блокџејнот, дигиталните валути и размена се возбудливи и сакавме да бидеме сигурни дека сме фестивалски предводници во тој сектор, да користиме нова технологија и да бидеме во состојба да останеме во тек со нашата технолошки писмена публика“, вели Душан Ковачевиќ, директор и основач на Exit.

Бидејќи плаќањето со биткоини не е регулирано со закон во Србија, нема да може да се плаќа со дигитални валути на шанковите и други продажни места на фестивалот, туку само за онлајн купување на ВИП влезници.

Фото: Freepik