Влошена бизнис климата во Германија

28

Бизнис климата во Германија е значително влошена во јануари под влијание на новите мерки за ограничување воведени поради пандемијата, покажува истражувањето на Институтот за економски истражувања.

Индексот на Институтот во јануари се намали за 2,1 поен на 90,1 поени. Вредностите пониски од 100 поени сигнализираат дека меѓу анкетираните претприемачи владее песимизам.

По оптимистичкото заокружување на 2020 година и почетокот на вакцинирање против коронавирусот, анкетата покажува и значително полоши оценики на актуелните економски прилики.

Изгледите на германската економија во следните шест месеци, исто така, се влошени според проценките на германските претприемачи.

Фото: Freepik