
Очекувањата на германските извозници дополнително се влошија во јануари. Индикаторот, пресметан од минхенскиот институт за економски истражувања Ifo, падна на -7,3 поени од -6,1 во декември.
„Почетокот на годината донесе отрезнувачки момент за извозниците“, ја сумираше ситуацијата, Клаус Вохрабе, шеф на истражување во Ifo.
„Позитивниот моментум во странство досега немаше значајно влијание врз домашните извозници“, коментира Вохрабе за истражувањето на Ifo, истакнувајќи дека на расположението најмногу влијае заканата за царини од новиот американски претседател Доналд Трамп.
Во повеќето индустрии се очекува пад на меѓународната продажба, пишува Ifo, додавајќи дека ситуацијата е „особено мрачна“ во автомобилската индустрија.
Во металната индустрија очекувањата се негативни повеќе од една година. Компаниите од хемиската индустрија и производството на стакло и керамика не очекуваат промени, додека производителите на пијалоци и електрична опрема сметаат на раст во меѓународниот бизнис, меѓу другото, пишува Ifo. Раст на извозот се очекува и во индустријата за мебел.











