Вмрежување и промо ден на CEED EDU

20

edu

Во дворот на ресторанот Frutti di Mare (Раде Кончар бр. 5, Дебар Маало, Скопје), на 14 мај (сабота), младите членови на CEED EDU, заедно со своите родители ќе имаат можност да се дружат и да ги споделат досегашните искуства.

Дојдете, донесете си пријател (родител) заинтересиран за оваа програма, дружете се. Настанот е од отворен карактер, за сите актуелни и идни учесници во Програмата, од сите возрасни групи (8 – 28 години). Средбата почнува од 11.30 и ќе трае до 13.00 часот.

Ресторанот Frutti di Mare за тој ден ќе понуди специјално фамилијарно мени, по специјална цена, за присутните што ќе сакаат да останат по нетворкингот.

CEED EDU, како дел од CEED Macedonia, е програма која го доближува претприемачкиот дух до децата и младите. Програмата е изградена врз основа на знаењата и искуствата на експерти од областа на едукацијата, како и на искуствата од менаџери, претприемачи и психолози.

CEED EDU е креирана да ја надополни потребата на децата и младите успешно да влезат во светот на идните професии и да развијат вештини за успешно искористување на нивниот избор, притоа развивајќи го својот креативен и духовен аспект.

Доколку сакате да бидете и вие дел од нас, побрзајте да се пријавите! За повеќе информации, обратете се на Цанка Велкова, 075 295 075 или пишете на cvelkova@ceed-macedonia.org.

Најавете го своето присуство најдоцна до петок, 13 мај.