Внатрешниот долг на Бугарија продолжува да расте и на крајот на првото полугодие достигна 37,5 милијарди евра, покажува последната статистика на Централната банка. Во оваа бројка влегуваат внатрешните обврски, како на државата, така и на бугарските фирми и банки.
За една година, до крајот на јуни, бруто внатрешниот долг е зголемен за околу половина милијарда евра и е малку над 91% БДП.
Бруто државниот внатрешен долг е нешто над 3,1 милијарди евра и за една година е зголемен за 385 милиони евра. Бугарските компании имаат кредити од преку 16,2 милијарди евра, а банкарскиот систем должи 6,2 милијарди евра, пишуваат бугарските медиуми.