Новите уреди на компанијата Самсунг Галакси С10 нè изненадуваат и “провоцираат“ со иновативноста која ја носат со себе. Совршен дизајн, софистициран изглед и моќни перформанси.Трите уреди од новата Галакси С10 серија смартфони: С10+, С10 и С10е нудат широк спектар на можности кои делуваат примамливо, а доколку ги почувствувате, дефинитивно ќе се вљубите.
Дизајнот соодветствува со љубителите на премиум уреди – однадвор едноставни, елегантни, а во себе кријат вистински квалитети. Екранот на Галакси С10е е со димензии од 5,8 инчи, на С10 – 6,1 инч, а на С10+ – 6,4 инчи. Сите уреди го имаат неверојатниот Динамички АМОЛЕД екран кој нуди беспрекорни бои и е пријатен за очите. Без разлика дали работите на него или пак го користите за забава, боите на екранот ќе бидат јасни и впечатливи дури и при услови на слаба или многу силна светлина. Со TÜV Rheinland сертифициранот екран за удобност на очите, ќе бидете заштитени од синото светло без никакво влијание врз квалитетот на сликата.
Грижата за безбедноста како за сите нас, така и за компанијата Самсунг е од суштинска важност. Децениските иновации резултираа со нов, посебен начин на заштита на уредот – Ултрасоничен скенер за отпечаток. Со помош на овој скенер вашите податоци ќе останат безбедни на ниво на сеф.
Во моментите кои заслужуваат внимание, тука е напредната технологија за камера која го носи нивото на фотографирање на неколку скалила погоре. Со оваа камера ќе се претворите во вистински професионалец. Ултрашироките леќи се со видно поле од 123 степени, поточно го опфаќаат сето она што вие можете да го видите со очите. Доколку имате потреба да ја зголемите сликата, со новата технологија за камери, секој детаљ се гледа јасно и прецизно. Опциите за сугестија при фотографирање ќе ви олеснат при креирањето слики, а фотографиите ќе изгледаат како да се направени со професионален апарат.
Потсетете се на различни мигови и ситуации со помош на фотографии и видео снимки благодарение на огромната меморија на уредите. Веќе нема да имате потреба да бришете фотографии, апликации, видеозаписи, бидејќи во новите уреди има место за сè она што е важно за вас.
Новите С10 уреди имаат и безжичното споделување на енергија (WirelessPowerShare), овозможувајќи едноставно полнење на Qi сертифицирани паметни телефони и на компатабилни уреди за носење. Дополнително, Галакси С10 е способен истовремено да се полни самиот себеси и да полни и втор уред, преку безжично споделување на енергија, додека е поврзан со обичен полнач. Чувствувајте се слободни и не мислете на дополнителни кабли и полначи.
Овие новини имплементирани во новиот С10 уред, креираат повеќе можности и се искуство плус за корисникот. Нурнете се во светот на смартфоните, истражувајте и откријте ги сите новости кои ги носи серијата на уреди Самсунг Галакси С10.