Внимателно со ветувањата

39

vetuvanje

Фото: Pixabay

Ветувањата креираат очекувања

Во борбата за потрошувачи/купувачи, особено кога сте сопственик на мала и непозната компанија, важно е да креирате понуда и преку медиумите и разни други начини да испратите одредени ветувања.

На пример, доколку поседувате мала туристичка агенција која отворила експозитура во друг град, треба да ги информирате клиентите за вас и она што го нудите. Идиличните каталози и информации за хотелите, дестинациите и превозот спакувани со пораката за екстра поволни цени можат да го зголемат бројот на туристи.

Меѓутоа, ако сте претерале со ветувањата, голема е веројатноста дека ќе предизвикате сомнеж и недоверба. Доколку сте ги потенцирале само предностите и добрите страни, постои ризик кој ќе го почувствувате по некое време. Причина за тоа ќе биде гневот кај клиентите поради одредени неисполнети ветувања.

Што повеќе ветувате, потешко ќе биде да ги исполните ветувањата, па оттаму и незадоволството кај луѓето. Тоа ќе влијае на ширење лош глас за вас, избегнување на вашите услуги, зголемување на жалбите, тужби и слично.

Компанијата (во случајов агенцијата), мора да привлече внимание со рекламирање на своите услуги, дестинации и бенефиции (одлична забава, добри водичи, сместување, одмор, запознавање на нови места, култура и луѓе), но во ниеден момент не смее да се креира нереални очекувања.

Траба да внимавате потрошувачите да не создаваат очекувања само врз основа на рекламниот материјал во вашите понуди.

Очекувањата се многу пореални доколку истите се формираат од:

Искуствата од претходните купувања;

Советите од деловните партнери, пријатели и роднини;

Информации и ветувања од конкурентските компании преку нивните промотивни активности;

Информации од независни извори како разни медиумски репортажи, веб страници и блогови, туристички организации, државни органи и слично.

Лажните ветувања се само лажна надеж за успех.