Внимавајте со храната во топлите денови

36

hrana-pixabay

Фото: Pixabay

Летните болести можат навистина да го расипат одморот. Топлото време им оди во полза на бактериите коишто лесно можат да се намножат на храната доколку не внимаваме каде и како ја чуваме.

Тоа, пак, може да кулминира со стомачни вируси, проследени често пати со повраќања, болки и висока температура.

Во летниот период најчеста причина за труењето со храна се слатките што содржат разни кремови, салатите со мајонез, павлака, производите со јајца, со еден збор сите состојки кои што лесно се расипуваат на топло време.

Симптомите на труење се најчесто болка во стомакот, мачнина, повраќање и (понекогаш) висока температура.

Доколку симптомите се навистина силни отидете на лекар и следете ги неговите совети.

Во случај ако истите се со послаб интензитет можете да си помогнете и сами. Пијте чај од шипка или црн чај со што помалку шеќер. Ако чувствувате глад, доволно е да изедете двопек или солени стапчиња, првите ден/два.

Доколку симптомите се намалуваат третиот ден конзумирајте банани, за четвртиот и петтиот ден да се вратите на нормална исхрана.

За да не дојде до несакани ситуации, чувајте ја храната во фрижидер и конзумирајте ја што поскоро. Одржувајте хигиена на рацете и темелно мијте ги овошјето и зеленчукот. Одбегнувајте ги горенаведените производи и внимавајте од каде ја купувате храната.