
Просечната цена на еден работен час во 2022 година била 22,9 евра во земјите на ЕУ и 25,5 евра во еврозоната, објави Евростат.
Во однос на 2021 година, цената на еден работен час е зголемена за 4,4 отсто во ЕУ, а за 4,0 отсто во еврозоната.
Во 2022 година, сите земји-членки на еврозоната забележаа зголемување на просечната цена на еден работен час.
Најмногу пораснале саатниците во Литванија (13,4 отсто), Естонија (8,8 отсто) и Хрватска (8,7 отсто), а најмалку во Италија, Малта и Финска (по 2,3 отсто).
Просечната цена на еден работен час е зголемена и во сите европски земји надвор од еврозоната. Најголем раст на саатниците е забележан во Унгарија (16,4 отсто), Бугарија (15,5 отсто), Романија (12,3 отсто) и Полска (11,7 отсто), а најмалку во Данска (2,2 отсто) и Шведска (3,0 отсто).











