Во Америка во август отворени 1,4 милиони работни места

89

Американската економија доби дополнителни 1,4 милиони работни места во август, што е во согласност со очекувањата, јави CNN.

Податоците за август покажуваат дека заздравувањето на американскиот пазар на труд продолжува да забавува, имајќи предвид дека во јули се отворени 1,7 милиони нови работни места, а во јуни 4,8 милиони.

Во извештајот се посочува дека секој поединец што ќе се врати на работа е “мала победа во борбата против невидената криза за вработување предизвикана од пандемијата на Ковид-19″.

Сепак, Америка сè уште има 11,5 милиони работни места помалку отколку во февруари, се додава во текстот.

Стапката на невработеност во САД падна на 8,4 % во август, првпат под 10 % од март оваа година.