Компанијата Хајнекен планира да ја изгради првата голема пиварница во Персискиот Залив во Дубаи, која ќе произведува популарни брендови како Амстел, Кингфишер и Бира Морети во компанија која ќе има 190 вработени.
Како што е наведено, овој потег претставува значајна промена за регионот кој долго време има строги ограничувања за продажба и консумирање алкохол, пренесува Bloomberg.
Heineken во соработка со локалната компанија Maritime и Mercantile International ја основа компанијата Sirocco која ќе започне со изградба на пиварницата на крајот на 2025 година, а се очекува да биде завршена на крајот на 2027 година.
Дубаи е деловен и туристички центар на Блискиот Исток и е меѓу најкосмополитските градови во регионот.
Официјалните лица првпат дозволија конзумирање и продажба на алкохол пред повеќе од две децении, а правилата оттогаш постепено беа олабавени поради порастот на туризмот.
Градот, исто така, неодамна им олесни на жителите да купуваат алкохол, елиминирајќи го данокот на промет од 30 отсто и таксата за лиценца за алкохол, иако продажбата на муслиманите останува ограничена, додаде њујоршката агенција.