Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2013 година забележан е пораст на индексот на трошоците на живот од 0,3%, во споредба со претходниот месец.
Порастот се должи на повисоките индекси на производите од жито за 2%, преработките од млеко за 1,4%, свежото и киселото млеко за 0,9%, јајцата за 0,8%, преработките од риба и мастите за 0,5%, преработките од зеленчук и алкохолните пијалаци за 0,4%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на живот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 19,5%, нафтените деривати за 2,6%, течните горива и гасот за домаќинствата за 1,4%, средствата за хигиена за 0,5%, облеката и мебелот за 0,2%.
Намалување на индексот на трошоците на живот во август 2013 година, во споредба со претходниот месец е забележано кај овошјето за 2,1% и зеленчукот за 0,8%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за домаќинствата за 2,9%, обувките за 0,8% и електричните апарати за домаќинстата за 0,2%.
Индексот на цените на мало во август 2013 година, во споредба со август 2012 година, бележи пораст од 1,3%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 2,8%.