Во август земјава ја посетиле над 102 илјади странски туристи

27
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2023 година изнесува 216 872, од кои 52.9 % се домашни туристи, а 47.1 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во август 2023 година изнесува 877 138, од кои 75.2 % се од домашните туристи, а 24.8 % од странските туристи.
Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 22.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.4 %, а кај странските има зголемување за 42.4 %.
Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 25.5 %.