Во Бања Лука ќе се произведува органска храна меѓу станбени објекти

39

jagoda

Фото: Pixabay

Земјоделскиот факултет од Бања Лука основа земјоделска задруга што ќе се занимава со органско производство на шумско овошје, зеленчук и мед. Планирано е да се вработат 100 луѓе, а овошјето и зеленчукот ќе се одгледуваат во градска средина по пример на европските и светските метрополи, пишува Klix.ba.

Ќе се произведуваат малини, капини, јагоди, зеленчук, мед, а пласманот на произведените количини е обезбеден во договор со компании – ладилници. Целна популација се млади луѓе од 18 до 35 години.

Проектот Урбано земјоделие е финансиран од Европската унија. Основна карактеристика на урбаното земјоделие е локално производство на храна за локална употреба, концепт што обезбедува вработување на населението, здрава храна, зголемување на економската моќ на градот и жителите и посилни врски помеѓу жителите.

Во европските градови локалните власти често ги поддржуваат ваквите иницијативи. Во Лондон во 2008 година отворени се скоро 1.500 локации за урбано земјоделство, а во Париз во 2013 година беа започнати 15 проекти за урбано земјоделство.