Во Белград поставени паметни соларни канти за отпадоци

22

kontejner

Во центарот на Белград се поставени две соларни канти за отпадоци, а наскоро на нив ќе биде поставен и безжичен интернет, пишува Политика.

“На проба добивме две соларни канти за рециклажа и ситен отпад. Тие се опремени со соларен полнач, нагазна папуча, место за реклама, а во нивна близина ќе има и зона со бесплатен интернет. За бесплатен Wi – Fi сè уште преговараме со телекомуникациски компании“, вели директорот на Јавното комунално претпријатие Градска чистота, Мирослав Богдановиќ. Тој се надева дека наскоро ќе бидат поставени уште вакви практични канти низ градот.

solaren-kontejner

Clean Cube е иновативна канта што користи соларна енергија за напојување на механизмот што го собира отпадот. Соларните панели поставени на горниот дел на кантата произведуваат струја и ја акумулираат во батеријата, така што Clean Cube е функционален и кога нема сончева светлина. Откако еднаш ќе се наполни, батеријата може да го напојува уредот четири недели без оглед на временските услови.

Компресирањето на отпадот започнува кога сензорот ќе прочита дека кантата е полна, тогаш челични ножици го стискаат отпадот и прават место за ново полнење. Компјутерот испраќа порака на диспечерска служба дека е полн и треба да се испразни. Ваквите канти штедат ресурси потребни за транспорт на отпадот на депонија бидејќи собираат повеќе отпад во однос на обичните канти, пишува Gradnja.