Во Белград се отвора првата продавница на H&M

68

hmВо Белград денеска ќе биде отворена првата продавница на шведската модна куќа H&M, во трговскиот центар Делта Сити. Продавницата која се простира на 2.100 метри квадратни ќе понуди широк асортиман на гардероба поделена во неколку модни концепти, за жени, мажи, тинејџери и деца, како и спортска облека, долна облека, модни додатоци и козметика.

Првите 300 посетители ќе добијат ваучери во вредност од 1.500 динари (13 евра), додека сите останати ќе можат да купат по едно парче со попуст од 20%.

H&M Group има околу 2.900 продавници на 50 пазари, вклучувајќи ги пазарите на кои работи преку франшизи. Во регионот од 2011 се присутни во Хрватска, каде имаат 13 продавници и тоа во Загреб, Риека, Задар, Шибеник, Сплит и Осиек. До крајот на годинава H&M планира да отвори претставништва во Чиле, Литванија, Естонија и Индонезија.