Во БиХ инвестирани 5,6 милијарди евра за 10 години

10

euroВо последните десет години во Босна и Херцеговина се инвестирани околу 5,6 милијарди евра, најмногу во областа на финансиско посредување, пошта и телекомуникации, трговија на големо и посредување во трговија, производство на кокс и нафтени деривати, како и во производство на прехранбени производи и пијалоци, изјави гувернерот на Централната банка на БиХ, Кемал Козариќ.

“Она што обезбедува прилив на директни странски инвестиции во една земја е политичката стабилност и безбедност, економски прогрес, а многу битна компонента е и имиџот што земјата го презентира. Економскиот раст може да биде постигнат со интензивирање на развојот на реалниот сектор, со ефикасно спроведување на реформи, а особено со создавање на предуслови за јакнење на деловниот амбиент”, истакнува Козариќ.

Достапните макроекономски показатели за 2013 година се поповолни од минатогодишните и покажуваат раст на БДП до 1% (0,5% во 2012), раст на индустриското производство од 6,2% за девет месеци (5,2% во 2012) и просечна инфлација на годишно ниво од 0,8% (2,1% во 2012).