Во БиХ развиен најмалиот компјутер во светот

51

tring

Фото: Tring

Компанијата Tring од Грачаница, Босна и Херцеговина, го разви и произведе најмалиот SOM (system on module). Станува збор за најмалиот компјутер во светот, на чиј развој група инженери работеше цела година.

“Со гордост може да кажеме дека го завршивме тестирањето на првиот компјутер од Босна и Херцеговина. Станува збор за сложен SOM модул, за којшто е неопходно проектирање на HDI (High density interface) систем, проектирање што инаку се користи за развој на мобилни уреди, таблети и компјутери, а потоа и производство на прототип со BGA компоненти. Сите тестови се успешно завршени и започнуваме сериско производство“, изјави Нихад Хаџихасановиќ, директор на продажба во компанијата.

Од компанијата велат дека инвестирале во нов производен погон којшто ќе овозможи да произведуваат најразлични електронски уреди во БиХ, што отвора прилика и за други компании да ги реализираат своите идеи, користејќи ги нивните ресурси и капацитети.