Во Битола ќе се доделат 78 социјални станови

56

Вкупно 78 социјални станови денес ќе бидат распределени во Битола преку електронска аукција.

Становите се наменети за решавање на станбеното прашање на лица кои спаѓаат во ранливите социјални групи: деца без родители или родителска грижа кои имаат над 18 години, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни живеалишта, инвалидни лица или лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице, самохрани родители со малолетни деца, припадници на Ромската заедница социјално загрозени…

Социјалните станови ќе бидат рапределени врз основа на методологијата за бодирање на кандидатите за добивање социјален стан под закуп. Ќе се земе во предвид и бројот на членови во заедничкото домаќинство, вкупниот расположив прилив на средства по член да не изнесува повеќе од 50 евра во денарска против вредност, старосната структура и трајниот инвалидитет.

Овие станови се дел од проектот за домување на социјално ранливите групи во чии рамки е предвидена изградба на 35 објекти во 26 градови во Македонија.