Во борба против стресот: Испробани техники на ментално силните луѓе

pritisok

Фото: Pixabay

Неизбежна тема и проблем на денешницата е стресот. Колку и да се трудиме да го намалиме, сепак не можеме целосно да го елиминираме од нашиот живот, особено ако работиме на одговорна функција.

За среќа постојат неколку испробани техники што можеме да ги “позајмиме” од ментално силните луѓе.

Веруваат во позитивен резултат

Самодовербата е клучна карактеристика на ментално силните луѓе што им помага да функционираат и кога се под стрес. Кај нив нема изјави од типот “не можам да се справам со проблемот”, тие веруваат во себе и во силата да излезат на крај со проблемите.

Се фокусираат на тоа што можат да го контролираат

Некои работи се надвор од наша контрола и за некои луѓе тоа е навистина страшно. Сепак ментално силните луѓе сета своја енергија ја насочуваат во активно решавање на проблемот и не губат сила на работи што не можат да ги контролираат.

Свесни се што е извор на стресот

Идентификацијата на изворот на стресот е прв чекот кон негово совладување. Токму поради таа самосвесност ментално силните луѓе знаат како да ги приспособат своите активности во ефикасна борба против стресот.

Се дружат со позитивни луѓе

Овој тип на луѓе знаат дека поддршката значи многу во борбата против стресот. Затоа настојуваат да бидат опкружени со позитивни луѓе. Песимистите само можат да ја влошат ситуацијата.

Поставуваат приоритети

Ментално силните личности не ги одбегнуваат активностите што ги прават незадоволни, туку поставуваат приоритети и се фокусираат на најважните работи што ги направиле.

Не забораваат да се забавуваат

И покрај стресот, обврските и проблемите, овие луѓе знаат како да се забавуваат и да го поминат своето слободно време на начин што најмногу им одговара, било да е тоа дружба со најблиските, добра книга или некое хоби.

Се соочуваат со стресот на здрав начин

Многу луѓе стресот сакаат да го “убијат” со алкохол, храна, цигари… додека ментално силните луѓе тоа го прават на многу поздрав начин како прошетка во природа, медитација и слично. Здравите навики се клучни во борбата против стресот, затоа настојувајте да ги практикувате.