Во Британија 14-дневен карантин за патници од црвени зони

29

Патниците кои пристигнуваат во Велика Британија од 33-те земји на црвената листа од денеска ќе треба да поминат 14 дена во карантин во хотели согласно новата владина мерка за запирање на ширењето на нови мутации на корона вирусот.

“Како што се развива овој смртоносен вирус, мора да се развива и нашата одбрана. Правилата што стапуваат во сила ќе го зајакнат системот за карантин и ќе обезбедат уште едмо ниво на заштита на границите од нови мутации“, ја објасни новата одлука британскиот министер за здравство Мет Ханкок.

Владата досега потпишала договори со 16 хотели близу англиски аеродроми, обезбедувајќи скоро 5.000 соби.

Карантинот во траење од 11 дена ќе чини 1.750 фунти по лице  и вклучува превоз, храна, сместување, како и основни услуги и тестирање. Патниците мора да имаат негативен резултат на Ковид – 19 тестот наравен  три дена пред да се вратат во Велика Британија и да резервираат и платат трошоци за карантин пред да се упатат кон Велика Британија.

Понатамошните тестови ќе бидат извршени на 2-от и 8-от ден од престојот во Велика Британија. Ќе им биде дозволено да ги напуштат своите хотелски соби “во многу ограничени околности“, вклучително и вежбање, но за тоа е потребна специјална дозвола од персоналот за безбедност. Кој ќе одбие тестирање може да биде казнет со парична казна од 1.000 до 2.000 фунти, а оние кои не се изолираат може да платат од 5.000 до 9.900 фунти.

Фото: Pixabay