Во Бугарија 14-дневен карантин само за граѓаните од осум земји

78

Бугарскиот Централен оперативен штаб предложи укинување на 14-дневниот карантин за бугарските и странските државјани од земјите членки на ЕУ, како и за граѓаните од Северна Македонија и од Србија при влезот во Бугарија, пренесува БГНЕС.

“Предлогот е врз основа на податоците на Европскиот центар за контрола на болестите“, рече Ангел Кунчев.

Задолжителниот 14-дневен карантин ќе остане само за граѓаните на осум држави, кои имаат голем број инфицирани лица со Ковид-19 во последните две недели. Карантинот ќе биде задолжителен за граѓаните на: Белгија, Италија, Малта, Шпанија, Португалија, Шведска, Ирска и Велика Британија.

Фото: Pixabay