Во Бугарија двојно зголемен бројот на странските работници

28

Во периодот од јануари до јули оваа година, Бугарија издала 6.700 дозволи за работа на странски државјани кои доаѓаат надвор од земјите на ЕУ, а во истиот период лани биле ангажирани само околу 3.000 работници од трети земји, се вели во извештајот на бугарската Агенција за вработување, а пренесува BiznisInfo.

Најмногу работници се ангажирани од Украина, Моладавија, и Киргистан, но има и од Србија. Странците од третите земји главно се вработуваат во бугарските хотели и угостителските објекти.

На граѓаните на ЕУ не им е неопходна дозвола за работа во Бугарија, бидејќи ги имаат истите права како и домашните државјани.

Во Бугарија просечната нето плата изнесува 533 евра.