Во Бугарија се поставуваат контејнери за стари алишта и текстил

46

alista

Во Бугарија, во текот на оваа недела на улиците ќе се поставуваат контејнери за текстил и стари алишта, како дел од националната кампања за промоција на системот за ефикасно собирање и рециклирање на облека и текстилни производи. Кампањата поттикнува хуманост, еколошка и социјална одговорност и зачувување на вредни суровини за економијата. Организатори се бугарскиот Црвен крст во партнерство со фирмата Хюманита. Засега ќе бидат поставени 25 специјални контејнери во Пловдив и Софија, но идејата е да се постават низ целата земја, пишува софиски Дневник.

Во контејнерите граѓаните ќе можат да ги остават непотребните облека, крпи, завеси, чанти, ремени… Тие треба да бидат чисти и добро спакувани. Оние алишта што можат да се употребат ќе одат во т.н. кризна резерва што по потреба ќе ги донира бугарскиот Црвен крст. Текстилот што веќе не може да се користи, ќе се рециклира, а средствата од тоа ќе се собираат во Фондот за помош при катастрофи и кризи.