Во центарот на Загреб ќе се произведува сапун со точки

44

sapun so tocki

Напуштен објект во центарот на Загреб ќе се трансформира во фабрика за сапуни со точки коишто ќе ги произведуваат лица со оштетен вид, пишува ХРТ.

“До оваа идеја дојдовме откако во Здружението на лица со оштетен вид во Загреб имавме креативни работилници на коишто по три до четири лица заедно со терапевт изработуваа сапуни и потоа пронајдовме податоци за фабрика за сапуни со точки во Лондон“, вели Денис Горан Томашковиќ од Здружението на лица со оштетен вид во Загреб.

Градските власти го поддржаа овој проект со околу 45.600 евра во рамки на програма за поддршка на мали и средни претпријатија за интернационализација на бизнисот, како и на социјалните здруженија.