Во Црна Гора се гради луксузен комплекс, првиот One and only во Европа

32

cg resortЛуксузниот комплекс Портонови, кој ќе може да се мери со летувалиштата во Монте Карло, ќе биде готов за три години. Во овој комплекс кој се наоѓа во Кумбор кај Херцег Нови, Црна Гора, ќе бидат инвестирани околу половина милијарда евра.

Портонови ќе биде првото One and Only летувалиште во Европа. Ќе се протега на 24 хектари, а со изгледот нема да отскокнува од црногорската приморска архитектура.

Во комплексот ќе има 550 соби, вили и апартмани, во просек со површина од 60 метри квадратни. Во рамки на одморалиштето ќе има и велнес центар, две марини за јахти, песочна плажа со 900 лежалки, конгресен центар за 800 посетители, 250 продавници и 150 кафулиња, барови и ресторани, 1.200 паркинг места.

Рокот за завршување на овој во моментов најголем туристички проект во Европа е 1 мај 2016, пишува Побједа.

“На проектот работат 200 проектанти и дизајнери”, изјави директорот на проектот, Џејмс Вилсон и додаде дека ресортот ќе го градат околу 6.000 работници од Црна Гора и регионот.

Зад овој проект стои азербејџанската компанија Азмонт Инвестментс.