Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2023 година се издадени 293 одобренија за градење, што е за 4.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 401 489 илјади денари,што е за 9.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 133 (45.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 90 (30.7 %) за објекти од нискоградба и 70 (23.9 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 293 објекти, на 151 (51.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (48.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 439 станови, со вкупна корисна површина од 35 489 м2.