Во Дојран категоризирани околу 200 објекти за издавање соби и апармани

28

dojranВо општина Дојран досега се категоризирани околу 200 објекти кои имаат добиено решенија за издавање соби и апартмани.

Акцијата за категоризација на издавачките објекти стартуваше кон крајот на мај, со цел да се откријат непријавените издавачи на соби.

Раководителот на Туристичкото биро Перо Митаноски очекува бројката на категоризирани објекти да порасне на 250, имајќи в предвид дека акцијата се уште трае.

Општината во рок од седум дена по барање на издавачот испраќаше комисија која на лице место ја утврдуваше фактичката состојба на објектот и му доделуваше ѕвездички (пеликани) во зависност од понудените услови и услуги.

На туристите што ќе престојуваат во Дојран им се препорачува да изнајмуваат соби и апартмани во објекти пред кои е истакната табла за извршена категоризација.