Во Дојран летуваат над 10.000 туристи

45

Според раководителот на Туристичкото биро, Перо Митаноски во моментов повеќе од 10.000 туристи летуваат покрај Дојранското езеро.

“Дојран по традиција е најпривлечен во август, а најатрактивен токму сега кога може да се искористат благодетите на водата и лековитите алги”, нагласи Митаноски и додаде дека бројката на туристи веројатно е многу поголема затоа што полни се и комерцијалните капацитети.

Годинава за прв пат во Дојран, по пауза од речиси една деценија, се забележува присуството на голем број транзитни гости, најчесто од Србија, кои привлечени од гостопримливоста на месното население и пристапните цени се задржуваат по неколку дена.