Во Дубаи е отворен базен на 300 метри висина

139

Новоотвореното луксузно одморалиште, сопственост на Adress Beach Resort and Spa, во Дубаи, отвори импресивен базен за гости, лоциран на 77 кат.

Базенот се наоѓа на скоро 300 метри височина, што е рекордна висина за еден базен, потврдено во Гинисова книга на рекорди.

Долг 94,84 метри и со ширина од 16,5 метри, е скоро двојно подолг од олимписки базен, пишува CNN.

Базенот е отворен само за гости на хотелот на возраст над 21 година, но исто така може да се ужива во прекрасниот поглед ако се резервира место во Zeta Seventy Seven, азиски ресторан, којшто како и базенот се наоѓа на 77-ти кат на хотелот.

Но, висината на која е изграден базенот не е единственото нешто што им обезбеди на неговите сопственици Гинисов рекорд.

Adress Beach Resort, заедно со Address Beach Residences , се наоѓа во две кули кои се поврзани во подножјето и повторно со небесен мост од 63 до 77 кат, пишува CNN.

Во овој дел од кулите, на висина од скоро 300 метри, има луксузни апартмани, што исто така е внесено во Гинисовата книга на рекорди.

Импресивната зграда, по име Jumeirah Gate, е отворена во декември 2020 година и е уште една во низата архитектонски атракции во Дубаи.

Фото: Instagram