Во Дубаи ќе се гради 3D испечатен облакодер

20

dubai

Фото: Pexels

Градежната компанија Cazza, со седиште во Дубаи, соопшти дека планира да го изгради првиот 3D испечатен облакодер во Обединетите Арапски Емирати, пишува Independent. Од компанијата велат дека при градењето на зградата ќе се користи нова техника “crane printing” (печатење со кран).

“Кога почнавме да размислуваме за спроведување на 3D технологијата за печатење мислевме да градиме куќи и ниски згради. Програмерите почнаа да прашуваат дали е можно да се изгради 3D испечатен облакодер. Тоа нè наведе да започнеме со истражување како би можеле да ја прилагодиме технологијата за повисоки структури“, вели извршниот директор на компанијата, Крис Келсеј.

Клучни придобивки од градењето на 3D печатени градби се ниските трошоци и брзината на градењето.

“Системот на печатење со кран ќе може лесно да се прилагоди со постоечките кранови и нема да биде потребно да се градат кранови од почеток“, вели оперативниот директор Фернандо Де Лос Риос.

Облакодерот со 80 ката треба да биде изграден до 2020 година.