Во Европа годишно се произведуваат 16,4 милиони автомобили во 104 фабрики

73

Во Европската унија, Србија, Турција и Велика Британија годишно се произведуваат речиси 16,4 милиони автомобили во 104 фабрики, покажуваат податоците на Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).
Статистиката на ACEA врз основа на бројки од 2022 година опфати 27 членки на ЕУ, како и Србија, Турција и Велика Британија. Со една фабрика, фабриката „Стелантис“ во Крагуевац, Србија е во група со Хрватска, Словенија, Австрија, Финска и Полска.

Од вкупно 20 земји во кои се произведуваат возила, Германија и понатаму има најмногу фабрики – 24. Следува Велика Британија со 19, Франција со 12, а Италија и Шпанија со девет, односно осум, пренесува порталот motor1.com.

По четворица производители имаат погони во Чешка, Словачка и Турција и по три фабрики во Белгија и Унгарија. По две фабрики беа изградени во Холандија, Португалија, Шведска и Романија.

Германските фабрики главно произведуваат автомобили кои се првично германски марки, имено BMW, Volkswagen, Audi и Mercedes Benz, но исто така и Skoda и Opel/Vauxhall, но има и погони за производство на автомобили Ford и Stellantis и една фабрика за електрични возила Tesla во близина на Берлин.

Сепак, некои од тие брендови сега припаѓаат на мултинационални компании, на пример Opel, чие седиште сè уште е во Германија, но е дел од Stelantis.

Слично е и во другите големи европски земји каде доминираат домашните брендови. За разлика од нив, во Чешка, Словачка, Турција, па дури и во Австрија се произведуваат автомобили Hyundai, Toyota, Kia, а во Унгарија Suzuki. Хрватска има своја фабрика на производители, групацијата Римац.

Кога станува збор за производителите, германскиот Volkswagen и мултинационалната групација Stellantis, која се води како холандска компанија и е создадена со спојувањето на Fiat-Chrysler и францускиот концерн PSA, имаат најмногу капацитети за производство на автомобили во Европа. Тие два концерни имаат по 20 фабрики за производство на автомобили во Европа.

По нив следуваат Рено со осум, БМВ со шест и Тојота со пет.