Во Европа никнаа нови 71 трговски центи

8

Во првите шест месеци годинава, во Европа се изградени 2,4 милиони метри квадратни трговски центри, стои во анализата на меѓународната компанија за недвижнини Cushman & Wakefield. Се градат уште 4,5 милиони метри квадратни шопинг центри кои ќе бидат отворени до крајот на годинава. Од тоа дури 75% отпаѓаат на средна и источна Европа. Во првата половина во Европа се отворени 71 нови трговски центри, од кои 53 се во средна и источна Европа и 18 во земјите на западна Европа.

Најмногу трговски центри, една петтина, се наоѓаат во Русија. Најголемите објекти се градат во Санкт Петерсбург, Нижњи Новгород, Тиумен, Тула, Екатеринбург и Москва.

На Турција, со 1,6 милиони метри квадратни во трговски центри и припаѓаат 16% од пазарот со нови продажни простори, а преку 800.000 метри квадратни се наоѓаат во Истанбул.

Во Полска се градат 730.000 квадрати нови шопинг центри кои ќе бидат готови до крајот на оваа или почетокот на следната година, со што полскиот пазар на трговски центри ќе порасне за 9%. Поголеми трговски центри се градат во Гливице, Краков, Познан, Катовице.

Во западна Европа на врвот по изградба нови трговски центри се Франција и Италија, а во Велика Британија се гради помалку од лани, со очекување следната година да се гради уште помалку.