Во Европската унија, 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно

22

Во Европската унија во 2023 година, 7,1 отсто од вработените работеле 49 или повеќе часа неделно, што се смета за долго работно време, покажуваат податоците објавени од Еуростат.

Од земјите на Европската унија, Грција имала најголем удел на работници со долги работни часови, поточно 11,6 отсто, потоа Кипар со 10,4 отсто и Франција со 10,1 отсто.

Најмал удел на горенаведените работници е забележан во Бугарија, 0,4 отсто, како и во Литванија и Латвија, по 1,1 отсто.

Речиси една третина од самовработените или поточно 29,3 отсто од оваа категорија работат 49 или повеќе часа неделно, додека кај вработените овој процент е значително помал и изнесува 3,6 отсто, пренесува Танјуг.

Долгите работни часови најчесто се застапени кај квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и риболовот, како и кај менаџерите.

Како што пренесува порталот Статиста, вработените со полно работно време во Европската унија работеле во просек по 40,4 часа неделно во првиот квартал од 2023 година.