
Во Европската Унија, бројот на нови компании и банкроти се зголемува, е заклучокот од извештајот на Евростат за вториот квартал од 2025 година.
Како што е наведено, бројот на регистрирани компании во Европската Унија се зголемил за 4,6 проценти во споредба со првиот квартал од 2025 година, а бројот на банкроти за 1,7 проценти.
Зголемување на регистрациите на компании е забележано во речиси сите сектори. Најголем квартален скок е забележан во транспортот за 13,1 процент, информатичко-комуникациските услуги за 8,2 проценти и финансиите за 5,2 проценти, додека состојбата во индустријата остана стабилна.











