Во фабриката на Tesla во Берлин ќе работат 12.000 лица

79

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla најави дека неговата нова фабрика во близина на Берлин ќе вработува 12.000 лица кога ќе почне да работи со полн капацитет.

Според анализите, кога фабриката би работела со максимален капацитет, ќе ѝ бидат потребни и до 40.000 работници.

Производство на електрични автомобили во оваа фабрика започнува во мај. Погонот е сместен во шумско подрачје покрај езеро, 30-тина километри југоисточно од центарот на Берлин, а работ на природен резерват, а ќе произведува 500.000 возила годишно.

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск сака на таа локација да изгради и голема фабрика за батерии и со тоа да ги зголеми инвестициите, што се очекува да достигне до милијарда евра.