Во Гари ќе се гради фабрика за полнење вода

78

298932Во близина на дебарското село Гари денес ќе биде поставен камен-темелник за изградба на фабрика за полнење вода.

Фабриката е инвестиција на корпорацијата Мали Лошињ, составена од компаниите Мл-Гари, Мл-Ничипур и Мл-Каратаж, кои се занимаваат со експлоатација на вода и камен.

За изградба на фабриката ќе бидат вложени околу шест милиони евра, а планирано е бројот на вработени да биде 35. Производството на флаширана вода треба да почне во летниот период следната година.

Инвеститорот ја најави изградбата на фабриката откако минатата година од Министерството за економија доби лиценца за експлоатација на подземни води. Дозволата за експлоатација ја доби компанијата Мл-Гари.