Во Германија е зголемен бројот на банкротирани фирми

65

Во Германија во август се зголеми бројот на банкротирани фирми, по двомесечен тренд на намалување.

Статистичарите соопштија дека сопствениците поднеле барање за 6,6 отсто повеќе стечај отколку во јули.

Лајбниц Институтот за економски истражувања Хале (IVH), исто така, претпоставува повеќе стечаи, врз основа на најновите податоци, пренесува dpa.
– По долг период на ниска несолвентност, сега има пресврт – објасни минатата недела истражувачот на IVH, Штефен Милер. Главните причини се наглите поскапувања, особено на енергенсите и проблемите во синџирите на снабдување.