Во Германија затаени 1,2 милијарди евра данок во изминатата година

23

Според извештајот на германското министерство за финансии, минатата година во најголемата економија на ЕУ се затаени 1,25 милијарди евра данок. Но, уште позагрижувачко е што овој тренд има нагорна траекторија.

Износот на вкупниот затаен данок е утврден врз основа на пресудите и кривичното гонење на финансиските власти. Тоа е далеку повеќе отколку во 2019 година, кога беа затаени 745 милиони евра.

Во вкупно 7.153 случаи веќе постои судска пресуда за затајување данок, а вкупниот износ на изречените казни достигна 44,9 милиони евра.

Фото: Pixabay