Во германските банки 35% од раководителите се жени

77

Во приватните банки во Германија во текот на 2020 година, жените зазеле 34,8% од раководните позиции, покажуваат официјалните податоци.

На почетокот на 90-тите години, жените биле помалку од 10% од раководителите во германските приватни банки, а во 2019 година тој процент бил 34,3, пренесува Ројтерс.

Уделот на жени во менаџментот на банките во оваа земја во последните години полека забавува, а политичарите и инвеститорите стануваат сè погласно повикуваат на акција по ова прашање.

Банките признаваат дека треба да направат уште многу во тој поглед и и преземаат чекори за унапредување на родовата рамноправност иако намалување на бројот на вработени и реструктуирање ги комплицираат работите.

Одредени кредитори, како Deutsche bank и CommerzBank, утврдија дека една од целите во своите стратегии е во органите на управување жените да бидат застапени со 35%, но некои критичари велат дека тоа и не е баш амбициозно.

Родовиот баланс во одборите Велика Британија ќе го постигне во 2034-та година, во Франција пет години подоцна, а во Германија тоа би било во 2053 година.

Фото: Pexels