Грчките статистички центри велат дека за месец јули се регистрирани 1,26 милиони невработени лица, што во просек би му дошло секојдневно таложење на нови 1.000 невработени лица во текот на изминатата година.
Доколку Грција продолжи со истото темпо на штедливи мерки, се очекува и во новата година да бидат во голема рецесија, дури има прогнози кои велат дека нивото на рецесија дури може и да се зголеми.
Најзагрозената група се лица на возраст од 15-24 години, а тука секако спаѓаат и лицата кои се уште се школуваат. Само како илустрација, во 2008 година само 12 месеци пред големата криза, во Грција имало 364.000 невработени лица.
“Ова е драматична последица од рецесијата”, вели Ангелос Цаканикас раководителот на ИОБЕ – економската истражувачка фондација во Грција. Тој исто така додаде дека во наредните година дена не очекува никакво вработување.
Грчката економија во овие моменти преживува само со помош од странство, меѓутоа Атина од ден на ден е под се поголем притисок да продолжи со мерките на штедење како замена за парите.
Министерот за финансии Јанис Стурнарас во четврток ќе има средба со претставници на Европската Унија, Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) како и со претставници на Европската централна банка околу можноста за добивање на дополнителна финансиска инјекција.
Дописникот на ББЦ од Атина, Марк Ловен вели: Моменталните бројки велат дека антикризните мерки во Грција се погрешни, а сето тоа само ја подгрева и онака лошата атмосфера во земјата, која со таквите антикризни мерки оди кон распукување и слаб раст.
Ловен дополнува дека Грција со антикризните мерки започнала во месец Април 2010 година, а тогаш статистичките податоци за невработеност гласеле 11,8%.
Министерството за финансии пак изјави дека бројките околу целата ситуација се дури и над очекуваното, бидејки и покрај помалите приходи кои тие ги очекувале, сепак тие се на вистинската патека. Според нив дефицитот во периодот јануари – септември 2012 година бил 12,64 милијарди евра, што било за 13,5 милијарди евра помалку од тоа што се очекувало.