Во Грција влез само преку Евзони

112

Сите патнички и товарни моторни возила коишто планираат да влезат или излезат во и од Грција, до 15-ти август, ќе може да тоа да го направат само преку грчкиот граничен премин Евзони, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека до граничните служби на граничните премини Стар Дојран и Меџитлија од страна на грчката гранична служба од граничните премини Дојрани и Ники, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестриктивни мерки  за Ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.08.2020 (сабота).

За патници од Северна Македонија, Албанија и Турција е забранет влезот во Грција до 15-ти август.

Фото: Freepik